| четврток, 6 декември 2018 |

Почина „креаторот“ на Нинтендо (Видео)

hiroshi-yamauchiВо Јапонија почина Хироши Јамаучи, кој што „Нинтендо“ го направи гигант на пазарот на видео-игри. Беше долгогодишен претседател на компанијата, која го направи и еден од најбогатите луѓе во Јапонија. Почина на 85 години.

Своевремено најбогат човак во Јапонија, Јамаучи ги напуштил студиите за да го преземе кормилото на „Нинтендо“откако неговиот дедо претрпел срцев удар. Тој остана на челото на „Нинтендо“ од 1949 до 2002 година и ја трансформираше компанијата од производител на картички на спортисти во светски гигант на пазарот на конзоли за видео-игри.

Иако Јамаучи го поседуваше и бејзбол-тимот „Маринс“ од Сиетл, тој не посетил ниту еден натпревар на својот тим.

Некогаш и сега

2013 e3 Expo (Electronic Entertainment Expo) in Los AngelesКолор ТВ Игра 6 е првата конзолла за видео игра за телевизор во боја. Во продажба е пуштена во 1977 година, и опремена само со една игра, тенис. Во Јапонија ба продадени над еден милион копии, што беше гаранција за натамшен успех.
Во приложеното видео се гледа како изгледала првата конзола во 1977 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top