Сојузот на синдикати на Македонија ја поздравува одлуката на Владата за покачување на платите на администрацијата, пензиите и социјалните надоместоци. Живко Митревски за Економски.мк вели дека синдикатот пред еден месец побарал покачување на платите.
-За прв пат пред проектирање на буџетот се усогласуваат барањата на социјалните партнери што дава нов квалитет на социјалниот дијалог во земјава- додава Митревски. Тоа заедно со останатите мерки, законот за финансиска дициплина, законот за стечај и други, позитивно ќе влијаат на животниот стандард на работниците.
Премиерот Груевски во вчерашното обраќање пред бизнис секторот во земјава најави покачување на платите за администрацијата за 5% почнувајќи од октомври идната година. Ова покачувањето е прво од почетокот на кризата, кога платите во јавниот сектор беа замрзнати. Ќе растат и пензиите и социјалните надоместоци за 5% почнувајчи од март 2014. Надоместоците за лица со посебни потреби се зголемуваат од 01 јануари 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европската конфедерација на синдикати (EPSU) ја повика Владата да се повлече од упадот во КСС
-
Шеќеринска и Царовска не ги премислија слободните синдикати: Утре на протест за подобра иднина, за живот… (видео)
-
ССМ не избра нов претседател
-
Минимално покачување на платите: Синдикатите во здравството и полицијата се чувствуваат измамени