| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска нема да учествува на „Евровизија“

В година „Евровизија“ ќе се одржи без Хрватска. Организаторот на конкурсот за избор на хрватскиот претставник на „Евровизија“, ХРТ, реши в година да не учествуваат на овој настан.

-Како јавен сервис, ХРТ е особено свесен за фактот дека средствата треба да се трошат на што поефективен начин. ХРТ ја има предвид тешката економска ситуација и ги зема предвид јавните критики на финансиската оправданост за настапот – велат од ХРТ.

Како што се вели во соопштението, друга причина за ваквата одлука бил и слабиот пласман на хрватските натпреварувачи на последните настапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top