| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува 38. Млад отворен театар

mot

Со претставата „Тоа што телото не го памети“ во режија, сценографија и кореографија на Вим Вандекејбус вечер во Македонската опера и балет почнува 38. Меѓународен театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).

„Тоа што телото не го памети“ е една од најзначајните претстави на белигиската театарската група „Ултима вез“ оригинално создадена во 1987 година и премиерно изведена во Њујорк. Поради специфичноста на изразот, критиката на Њујорк Тајмс и Гардијан ја оценуваат претставата како исклучително иновативна и значајна и таа станува огромна сензација која ги поместува границите на театарската уметност на меѓународно ниво.

Дел од отворањето на МОТ е и првата театарска премиера „Носталгиумот на еден перфориран копиљ“ („Пу за мене, пу за сите“) во режија на Јане Спасиќ.  Претставата ќе биде изведена во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 22:30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top