| четврток, 6 декември 2018 |

Авион принудно слета поради „весели“ Шкоти

rajan er patnici

Група пијани и разиграни Шкоти предизвикале толкав неред на летот од Глазгов до Ибица на 17 овој месец, да пилотот бил принуден да го спушти авионот во близина на Париз.

Полицијата соопштила дека 16 Шкоти биле исфрлени од авионот на компанијата Рајан ер на аеродромот во Бове, во близина на Париз, каде што се правдале пред полицајците дека помислиле оти стигнале во Ибица. Со алкохолот се дружеле уште на аеродромот во Глазгов, а потоа продолжиле и во авионот, при што направиле толкав хаос што пилотот решил принудно да слета.

Авионот потоа го продолжил патот, но без веселите патници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top