
Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром ја предупреди Србија дека клучен показател за напорите на земјата за приклучување кон Европската унија ќе биде оддржувањето на најавената „Парада на гордоста“ во Белград.
Малмстром на својот блог напиша дека за ова „чувствително прашање“ му испратила писмо на српскиот премиер Ивица Дачиќ, на само два месеци пред лидерите на ЕУ да одлучат за иднината на српската кандидатура за членство.
„Белградската геј парада во 2013 година ќе биде важен чекор за напредокот на Србија на нејзиниот пат кон ЕУ, преку гарантирање на фундаменталните принципи на еднаквост и недискриминација“, посочи Малмстром на својот блог.
Овогодишната „Парада на гордоста“ во Белград е планирано да се оддржи на 28 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


