| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Време е за имиграциска реформа

obama1-Мора да стане јасно дека постои пат до американско државјанство. Сега е време за сеопфатни имиграциски реформи. Повеќемина од нас, сме биле како нив. Мора да ги извадиме 11те милиони нелегални имигранти надвор од сенката. Доколку не сте индијанец, тогаш доаѓате од некаде. Некој ве донел.“

Ова се само дел од пораките кои вечерва ги упати Американскиот претседател Барак Обама кој побара поддршка за “здраворазуни и сеопфатни” реформи околу имиграцијата. Говорејќи во Лас Вегас, Невада, Обама се надоврза на апелот на група сенатори и од републиканците и од демократите, посочувајќи дека е вистинско време за реформи.

Со најавата за сеопфатна реформа се отвара можност за државјанство за околу 11 милиони нелегални имигранти, колку што се проценува дека има во САД.
Во потрагата по гласови вакво ветување пред „хиспанолите“ дадоа и Обама и Ромни, чиј што син се обрати пред гласачите на чист шпански јазик. Така, овој чекор само го потврдува растечкото влијание на овие гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top