Обврските меѓу фирмите ќе мора да се исплатат за максимум 60 денови, а истото ќе важи и за државните институции кон приватниот сектор, соопшти премиерот Никола Груевски пред бизнис секторот.
-Владата подготвува Закон за финансиска дисциплина со кој што ќе се пропишат овие рокови и ќе се подобри бизнис климата во земјата. Исклучок од овие рокови ќе има само во случај на повеќегодишни договори на државата со приваниот сектор и на обрските на Фондот за здравствено осигурување кон фирмите добавувачи- објасни Груевски.
Во одредени ситуации, кога двете страни така ќе се договорат, рокот нема да биде подолг од 120 дена. За Фондот за здравство, одредбата за исплата во рок од 60 дена ќе важи од 2016 година. Во пакетот е и обврската државата секој месец јавно да го објавува списокот на компании и физички лица што доцнат со плаќањето на даноци и останати обврски кон државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии