На 16-мина обвинетите во аферата „Шпион“ им е определен 30-дневен притвор, вработениот во државниот архив е во куќен притвор, додека по тројцата недостапни ќе се трага со меѓународна потерница. Според информации на Канал5, главен клиент на групата била унгарската разузнавачка служба, иако се спомнуваат и грчката и руската служба. Според информациите кои ги објави телевизијата, познат бизнисмен одбил да им плати, па осомничените му се заканувале дека ќе објавуваат текстови за спорна приватизација. На друг му барале 200 илјади евра за да не објават информации, а закани со слични уцени добиле и поранешен функционер, директор, доктор…
Добивајќи досиеја од државниот Архив, на еден од лицата барале 30 илјади евра со порака на телефон: „ Твојот кодошки живот вреди 30 илјади евра или ќе умреш како куче. Ако пријавиш ќе почнеме од жена ти па се по ред. Купи си го гревот до недела“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцот Чарлс има афера со позната актерка
-
Двојниот британско-руски шпион Скрипал барал дозвола од Путин за да се врати во Русија
-
Што му се „готви“ на Роналдо: Тој го чека своето трето дете, а таа јавно кажа дека неодмна спиела со него (Видео)
-
Му сместуваат љубовна афера на Новак-Ѓоковиќ го поврзуваат со готвачката на Серена и Венус Вилијамс