| четврток, 6 декември 2018 |

Петгодишно дете загина по пад од камион

policijalenta

Петгодишно момче го загуби животот откако паднало од камион кој бил паркиран во селото Пуста Брезница.

Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, денеска околу 12.45 часот се случила несреќа во која загинало пет годишно момче од селото Света Петка.

Трагедијата се случила во атерот на селото Пуста Брезница, на место викано Кула, кога од паркиран камион натоварен до дрва паднало петгодишно момче. Детето веднаш било пренесено во градската болница во Скопје, но таму само била константирана смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top