| четврток, 6 декември 2018 |

Србија и Шпанија го отвораат четвртфиналето на Евробаскетот

Денеска во 17:30 часот екипите на Србија и Шпанија го најавуваат првиот четвртфинален натпревар на Евробаскетот во Словенија.

Бекот на шпанците Руди Фернандез изјави дека неговиот тим не играше според очекувањата во досегашниот дел од шампионатот, но се надева дека во четврфиналето ќе дојдат до победа и ќе ги одведе во борба за медал.

Од другата страна пак Владимир Штимац тврди дека победата над французите на нив дополнително делувала за да им се крене  самодовербата пред дуелот со Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top