
Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ и шефот на албанскиот клан Ќазим Феликс Османи, кој е озлогласен главен наркобос на Балканот, разговарале полни 13 минути во машкиот тоалет на хотелот “Зира” во Белград, место каде што единствено нема видео надзор, пишува српски “Курир”.
Вељовиќ во неделата во хотелот бил на свадба, а Османи во истиот хотел ја резервирал собата број 631, под името Милош Петовиќ, за да не биде откриен. Терасата на хотелот, на којашто наркобосот пиел кафе со пријателите била веднаш до салата во која што се одржувала сбадбата на која присуствувал директорот.
Според изворот на „Курир“ , Вељовиќ три пати излегол на терасата да телефонира, каде што седел Османи. Сепак, тие се сретнале само еднаш.
-Видов со свои очи. Секако беа претпазливи, но не беше тешко да се следат. Вељовиќ во еден момент излезе од салата, во која беше свадбата, седна на фотељата и телефонираше. Две минути подоцна се појави Османи. Помина покрај Вељовиќ и влезе во тоалетот. Само 30 секунди подоцна, во тоалетот влезе и Вељовиќ. Неколку од нас го забележаа тоа и сите се погледнавме. Мислевме дека е скриена камера. Бидејќи се беше чудно, стоев пред тоалетот и чекав кога ќе излезат. Внатре беа точно 13 минути. Првин излезе Вељовиќ, а само минута по него и Ќазим, вели очевидецот на случката и напоменува дека тоалетот е единственото место во хотелот кое што не е под видео надзор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


