| четврток, 6 декември 2018 |

Босанката Соња е најубавата природна жена на светот

Американскиот портал „Beautiful Women Pedia“ ја прогласи Босанката Соња Зекиќ (26) за најубава природна жена на светот за 2013 година.

– Американците ме известија за победата преку електронска пошта. Тие ги пронашле моите фотографии на интернет и на мојот Фејсбук профил, а потоа жирито ме прогласило за најубава природна жена за оваа година – вели Соња и додава – Кога видов дека зад мене на листата беа и познатите светски модели, кои инаку работат за најпознатите светски модни куќи, навистина се изненадив и затоа сум особено горда на оваа победа која, се надевам дека ќе ми отвори многу можност за да напредувам во светот на модата.

Ова не е прв пат Босанка да биде прогласена за најубава жена во светот. Неодамна таа титула и беше доделена и на убавата Аида Ѓапо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top