– Нашите зборат дека во текот на целото лето поминаа над 120.000 гости низ Дојран – вели градоначалникот на Дојран, Борче Стамов.
Зголеменото ниво на водата во езерото, збогатените содржини, поголемата промоција и подобрената организација во однос на претходните сезони направија повторно да се врати сликата од пред еколошката катастофа. Првичните анализи на локалната самоуправа велат дека Дојран ова лето го посетиле над 120.000 туристи.
Од Општината уште од сега најавуваат интензивни активности кои ќе траат цела година со цел идната сезона да ја дочекаат многу поподготвени и со подобрени услови.
Извор: Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод


