| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ги призна тендерите и повика на ТВ дуел

На денешната прес конференција, градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ призна дека неговиот татко добивал тендери од струмичката градинка „Детска радост“. Сепак, Зоран Заев тврди дека во тоа што струмичката градинка „Детска радост“ набавувала прехрамбени продукти и средства за хигиена токму од фирмата „Зови промен“, сопственост на неговиот татко Панчо Заев, нема ништо незаконско, нема непотизам, ниту судир на интереси.
– Господине Груевски, Вие сте на чело на владата и лично одговарате за работата на институциите. Ве повикувам, доколку постои било каква незаконитост во оваа постапка, тоа јавно да и го соопштите на јавноста во Македонија и да поднесете соодветни кривични  пријави против мене. Господине Груевски, престанете да трошите огромни суми народни пари за да не  наклеветите сите од опозицијата дека сме криминалци – рече Заев на денешната прес конференција.
На крајот тој побара телевизиски дуел со премиерот Груевски, на кој што, како што истакнува Заев, ќе се соочат фактите и аргументите, а граѓаните ќе пресудат кој е криминалец, а кој чесно ја врши функцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top