| четврток, 6 декември 2018 |

За здрави како дрен, пијте пиво секој ден

Според последните извештаи на Одделот за земјоделство на САД, пивото содржи многу витамини, хранливи материи,а богато е и со витамин Б, а поготово витаминот Б3, познат како ниацин, кој е корисен за лечење на депресија, главоболка и висок холестерол.

Сега ќе имате вистинско алиби ако некогаш заглавите до доцните часови.

Покрај тоа што пивото го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, го зголемува нивото на антиоксиданси во телото. Пивото содржи и други хранливи состојки како витамин Б6, Б5 и други витамини Б кои се вклучени во главниот метаболички процес .

Умерената конзумацја на пиво за здрав живот изнесува 660 мл за мажи, 330 мл за жени.

Па затоа пијте  по едно “ѕидарско“ на ден, за здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top