| четврток, 6 декември 2018 |

Заменик-министер во Чешка ја фалсификувал дипломата

lubomir toman

На Лубомир Томан, помошник-министер во чешкото Министерство за финансии, му завршува функцијата поради сомнеж за фалисфикат на неговата диплома за завршени економски студии.

– Томан, во рокот што му го одредив, не успеа да обезбеди каков било материјал со кој на сигурен начин би ја потврдил веродостојна на тоа што го студирал. Затоа, во согласност со моите принципи, решив да го прекинам неговиот работен однос – рече министерот за финансии Јан Фишер.

Поради сомнението за фалсификат, Томан ќе ги загуби и позициите што ги има во неколку надзорни одбори на државни компании.

Четириесет и тригодишниот Томан претходно работел на менаџерски позиции во повеќе чешки претставништва на интернационални компании. Аферата околу неговата стручна подготовка се појави откако една комерцијална телевизија објави дека Економскиот универзитет во Братислава не ја издал дипломата што ја навел Томан откако беше назначен на функцијата помошник-министер.

Тој негира дека неговото уверение е фалсификат и тврди дека студиите ги завршил на соодветен начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top