| четврток, 6 декември 2018 |

Колку пати во животот ја „губиме главата“ од љубов?

ljubov

Сте се запрашале ли некогаш колку пати во животот вистински се заљубуваме? Анкетата на компанијата Сименс, спроведена на примерок од 2.000 луѓе кои зборувале за нивниот љубовен живот и сексуалните искуства открива колку пати во животот навистина ја губиме главата.

Според анкетата, испитаниците се заљубувале во просек по два пати, а многу од нив сметале дека направиле компромис и се смириле кога станувало збор за нивниот актуелен партнер.

Секој седми анкетиран не смета дека личноста со која во моментот е во љубовна врска, е љубовта на неговиот живот. Но, тоа што се моментално во врска која не ги исполнува во целост, не ги спречува и понатаму да трагаат по љубовта на нивниот живот. Седумнаесет проценти изјавиле дека вистинската личност ја нашле додека биле во врска со некој кој бил „компромис“.

Резултатите покажале дека навистина е тешко да се најде вистинската личност. Иако преовладувало мислење дека жените во просек почесто се заљубуваат од мажите, истражувањето покажало дека и двата пола вистинската љубов ја наоѓаат два пати во животот. Алармантно е тоа што многумина изјавиле дека во моментот се во врска или во брак со некој кој им е само „интересен“, изјавила Клер Харвис директорка за комуникации во компанијата Сименс, која ја спровела анкетата.

Сепак, претходното истражување не се поклопило  со резултатите од последното. Студијата од минатата година покажала дека луѓето целосно се заљубувале по четири пати во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top