| четврток, 6 декември 2018 |

Порноѕвездата Карло Бос ќе се кандидирал за градоначалник на Куманово

karlo_bos

Кумановецот Гоце Гиновски, познат како Карло Бос, најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Куманово, а за време на неговиот градоначалнички мандат од градот ќе направел Лас Вегас.

– Ќе направам Лас Вегас од Куманово! Коцкарници, стриптиз-барови, ноќни и свингерски клубови, ќе воведам црвена зона. Овде да доаѓаат џетсетери од Европа, милиони евра да се вртат… Видете го сега на што личи, ова е вистинското лице на Куманово, а јас не го сакам вакво. Метеж, возила, ѓубре насекаде, хаос. Нема ниту една дискотека. Градоначалникот Зоран Дамјановски – Циц ми е добар другар и тој е супер, ама вака, за кафанска дружба. Ич не го бива за градоначалник. Јас имам визија за овој град, вели порноѕвездата Карло Бос, која сериозноста за градење политичка кариера ја потврдува со фактот дека запишува факултет – ќе студира менаџмент.

Во меѓувреме, менаџерските способности ќе ги тренирал во продавницата за италијански обувки и облека „Мода Италија“, која неодамна ја отвори во Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top