34 годишниот поранешен припадник на американската морнарица Арон Алексис е човекот кој го изврши нападот врз командата на американската воена морнарица во Вашингтон при што беа убиени 13 луѓе, меѓу кои и тој, а ранети беа десемина.
Според американските медиуми, Алексис бил отпуштен од служба во 2011 година откако негов сосед пријавил дека тој пукал во таванот од неговиот стан.
Откако ја напуштил армијата, се вработил во компанијата Хјулид Пакард каде што работел на ИТ проект за морнарицата. Така и добил безбедносен сертификат кој му овозможил да влезе во добро обезбедуваната зграда каде што го изврши масакрот. Во моментот на нападот со себе имал пушка и пиштол.
Бил роден во Бруклин, а имал пријавено престој во Форт Ворт во Тексас. Мотивите за нападот се уште не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.