| четврток, 6 декември 2018 |

Европската комисија во средината на aприл со специјален извештај за Македонија

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во средината на Април ќе објави специјален извештај за напредокот на Република Македонија, Србија и Косово.

Претседателот на Комисијата за надворшена политика во Собранието на Република Македонија и екс Министер за надворешни работи Антонио Милошски на својот твитер профил попладенво објави дека Филе тоа го изјавил за време на третата конференција на групата на Европски народни партии (ЕПП) која се одржува денес во Брисел.

Насловот на конференцијата е „ЕУ – Балкан“, таа се случува паралелно со новата рунда преговори што денеска и утре се одржуваат  во Њујорк со посредство на медијаторот Метју Нимиц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top