| четврток, 6 декември 2018 |

За неа никој ништо не чул, а наскоро ќе биде најмоќната жена на светот

Џенет Јелен, потпретседател на американските федерални резерви наскоро би можела да стане анјмоќната жена на светот. За сопругата на нобеловецот Џорџ Акерлоф аналитичарите предвидуваат дека од следната година ќе се најде на челото на оваа монетарна суперсила и иако за неа тврдат дека е брилијантен стручњак и еден од главните креатори на актуелната економска политика на САД, светската јавност за неа не знае ништо.

378968_janet-yellen-reuters-1_ff

– Таа на важните состаноци доаѓа со подготвени и добро осмислени изјави, секогаш совршено точна, а ноие кои работат со неа велат дека на аеродром стигнува и по неколку часа порани, пишува „Волстрит“.
По дипломирањето на Јејл во 1971 година, Јелен пет години предавала на Харвард, а меѓу 1976 и 1978 година за првпат работела во Сојузните резерви, каде и го запознала својот сопруг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top