| четврток, 6 декември 2018 |

„Форбс“: Марк Цукерберг е двојно побогат за една година

Бизнис магазинот „Форбс“ ја објави листата од 400 најбогати луѓе во светот на технологијата во САД. Најголем скок и напредок на оваа листа направи генералниот директор и сопственик на Фејсбук Марк Зукерберг. Откако неговата компанија во мај 2012 година од првичните 9,4 милијарди долари падна на „само“ 8,1 милијарда, оваа година Зукерберг успеа да ја зголеми добивката за двојно. Тој сега е „тежок“ 19 милијарди американски долари и е на шестото место според листата на Форбс на најбогати Американци од областа на технологијата.

Бил Гејтс останува крал на технологијата со 72 милијарди долари и е најбогатиот Американец од 1994. година. Откако на своето богатство додаде дополнителни шест милијарди долари, тој и официјално е најбогатиот човек на светот кој од тронот го тргна и мексиканскиот телеком гигант Карлос Слим

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top