| четврток, 6 декември 2018 |

Карла дел Понте добила лична покана да ја посети Сирија

Сирија ја повика Карла дел Понте, која е дел од истражната комисија на Обединетите Нации за хемиско оружје, лично да ја посети земјата.

Претседателот на Комисијата Пауло Пињеро, соопшти дека истрагата е почната, а Дел Понте добила приватна покана. Од Комисијата, сакаат таа посета да биде официјална.

images

Карла смета дека добила покана поради тоа што во мај ја повикала опозицијата за користење на хемиско оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top