| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев да одговори дали им делел тендери на своите татко и чичко

LIDERI-2-Gruevski– Претседателот на СДСМ треба да даде одговор на прашањето дали им давал тендери на своите татко и чичко, а не да бега од одговорот соопштувајќи колку инвестирал и колку работел – порача премиерот Никола Груевски.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ обвини дека општината и институциите што се под општината им давале тендери на таткото и на чичкото на градоначалникот Зоран Заев.

– Потоа гледав некакви одговори од СДСМ, кои кажуваат колку тој инвестирал и колку работел. Мислам дека одговорот треба да биде им давал ли тендери на татко му и на чичко му или не. Да не бегаме со одговори дали работел или инвестирал или дали бил успешен или неуспешен. Прашањето е дали давал или не тендери на татко му или на чичко му – додаде Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top