Катар е подготвен да финансира три проекти вредни 100 милиони долари во Република Македонија.
За ова е разговарано на вториот ден на официјалната посета на Доха, каде Претседателот Иванов и министерот за економија Сарачини имаа средби со премиерот Хамад Бин Џасем ал Тани и првите луѓе на Катар холдингот и Катар ервејс.
За Македонија е е заинтересирана и хотелиерската компанија Катара пак .
„Висока делегација од Катар за два месеци доаѓа во Македонија при што очекуваме тогаш и формално да се конкретизираат одредени проекти“, изјави денеска во Доха Министерот за економија Валон Сарачини.
– На состанокот со претставници на „Катар фондацијата“ беше договорено нашите универзитети да ги почнат интензивните разговори за партнерство со оваа фондација.На средбата со генералниот директор на „Катар ервејс“ кажа дека до крајот на годинава планираат да отворат и директна чартер линија помеѓу Доха и Скопје.Од нивна страна беше потенцирано дека планираат да ни понудат Доха да биде транзит центар на сите граѓани на Република Македонија кои патуваат во далечниот исток. На средбата со генерлниот директор на „Групацијата Катара“ која се занимава со хотелиерство и имаат повеќе од 55 хотели само во Катар и други 20 надвор од Катар договорено е да ја посетат Република Македонија во првата недела во март, при што ќе се конкретизираат идните проекти кои планираат да ги реализираа во Македонија, изјави Сарачини.
За катарските пари да дојдат во Македонија предходно во најкус можен рок земјава треба да им одговори на катарците за проектите за кои веќе пројавија интерес: докапитализација на Елем, Вардарска долина, и термалните извори на вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани