Вчеравечер, Нина Деволури од Њујорк беше прогласена за најубавата девојка во САД. Титулата Мис Америка за прв пат и припадна на девојка со индијанско потекло.
Е сега, на толку „мултинационално освестените антирасистички демократи“ од земјата која им соли памет на сите, воопшто не им се допадна бојата на кожата на Нина. Реакциите на „Твитер“ беа вакви (уште еднаш ќе потенцираме, мисицата е Индијанка, не Индијка) :
- Како може странец да биде Мис Америка? Ова не е Мис Арабија #идиоти
- Се колнам дека не сум расистка, ама ова е Америка
- Ова е Америка, не Индија
- Египет? ЛОЛ ова е Америка
- 9/11 беше пред само 4 дена и Арапка добива титула Мис Америка??
- Мис Америка, арем толку бргу заборавивте на 9/11
- Мис Америка или Мис Ал Каеда?
- Мис Америка е терорист. Сеедно.
- Мис Канзас е вистинска Американка, таа требаше да победи!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.