| четврток, 6 декември 2018 |

Што да им кажете на децата кога немате пари ?

pari deca familija

Советникот Морган Стенли ги советува богатите – но тука има многу нешта и за нормалните луѓе. Богатите луѓе најверојатно трошат многу повеќе од своето време размислувајќи за парите отколку ние останатите. Но дури и тие тешко зборуваат за финансиските теми со нивните деца, пишува Тајм, Њујорк, а пренесува Економски.

Тоа е тешка тема која вкрстува различни нивоа на приходи. Неодамна налетав на текст подготвен од Глен Курландер, советник за финансии во Морган Стенли, со голема база на добро поткована клиенти. Тој нуди палета на правила за разговори со децата во врска со парите, и покрај тоа им кажува за корисноста од неговите правила кои имаат поширока примена. Ова се моите забелешки на неговите одлични совети.

Парите се како секс. Не вистински, но вистина е дека децата знаат повеќе отколку што ние мислиме дека знаат. Тие се мали суштества кои се гледаат. Гледаат дека плаќате со пластика. Слушаат како се расправате со вашиот сопружник околу трошењата. Го гледаат стресот на вашето лице додека плаќате сметки. И да, „ако се и тие секогаш во вашиот приватен авион… мислам дека ќе сфатат“ дека сте преполн со пари. Било да е тоа добро или лошо, тие учат од сето тоа.

Размислете пред да почнете да зборувате. Треба добро да ги разбирате вашите вредности во врска со парите, пред да го направите разговорот со вашите деца. Не може секоја година да купувате ново Порше, а потоа да се обидувате да им објасните дека материјалните нешта не ве прават среќен. Не можете да им кажувате на децата да даваат во добротворни цели, а самите да не го правите тоа. „Има значајни отстапувања од тоа што го кажуваме и тоа што го правиме, а тие брзо ќе го сфатат тоа“, забележува Курландер. „Тие попрво ќе го игнорираат тоа што ќе им го кажеме, и ќе не гледаат како лицемери“.

Зборувајте, зборувајте, зборувајте. Парите се последното табу – тема за која семејствата се уште не зборуваат. Ни стана вообичаено да зборуваме за дроги, секс и за политика – но не и за парите. Тоа не е нормално. Децата на училиште не учат за парите. Тие мора да добијат информации од своите родители пред да заглават во долгови кои не можат да ги отплатат на време, за да почнат да штедат за пензија. Во светот на Курландер, во дискусиите мора да вклучите: „Кои се одговорностите, обврските и предизвиците кои доаѓаат со парите? Зошто ги цениме? Како ги акумулираме, и што учиме од обидите за акумулација? Како, ако воопшто тоа и се случи, ќе ни се смени животот ако ги загубиме парите?“ Ова се вредни прашања за оние кои се благословени со тој проблем.

Разговарајте со нив, не им попувајте. Ова е очигледно, но вреди да се спомне. Не ги учете; водете разговор. Толку тешка тема како што се парите, нема да го задржи вниманието на децата, освен ако тие не се вклучени во разговорот. Како што пишува Курландер, „Најефикасниот начин да се вклучи детето во разговорот е да им се поставуваат прашања кои ќе ги поттикнат нивните претпоставки, и ќе ги натера самите да си бараат одговори“.

Внимавајте како тоа ќе им го кажете. Она што нешто значи и она што вие го кажувате, понекогаш не се совпаѓаат. Можеби вашата ќерка има другарка чие семејство страда од безработица. Вашата ќерка има нов ајфон и сака да и го покаже на другарката, но вие ја советувате да не оди во куќата на другарката. Си мислите: не е во ред да се перчи со скапа играчка, додека тоа семејство е сиромашно. Но пораката која ќе биде примена може да значи: Еј, тие се апла без пари!

Давајте им џепарлак. Постои широко несогласување околу тоа како да се прави ова. Но единствениот начин по кој децата ќе научат да планираат со парите, да донесуваат умни одлуки во врска со парите, и да ја сфатат заслужената награда, е преку лична пракса со нивните пари. Курландер советува започнување од рана возраст, давајќи му на детето да купи нешто на бејзбол натпревар, со објаснување дека кога ќе ги потроши парите, нема повеќе. На возраст меѓу 6 и 7 години, давајте им неделен џепарлак со слично објаснување: „Ако им дадеме некаква сума пари, понекогаш на децата ќе им снема пари уште во средината на неделата“, пишува тој. „Кога тоа ќе се случи, не можеме да им додаваме пари; ако тоа го сториме, ќе ја уништиме целта на оваа вежба“.

Овозможете им самите да учествуваат во некои финансирања. Сакаме нашите деца да го имаат најдоброто кое можеме да им го озвозможиме. Но со едноставно купување на се што тие сакаат, тоа во животот нема да ги одведе до резултати. Ако вашиот син сака нов велосипед, предложете половина од сумата да ја платите вие, а тој нека заработи за да ја плати другата половина. Клиентите на Курландер се загрижени дека нивното богатство кое ќе им го остават на децата, ќе ги превори во мрзливи и непродуктвни; тие се мачат размислувајќи како да им остават богатство на децата, но истовремено со здрава етика за работните навики. Повеќето од нас само посакуваат нашите деца да бидат способни самите да си заработуваат во животот, затоа што ќе мораат – а тоа ќе го постигнете ако уште од рана возраст вложувате во нив.

Не е крај, се до самиот крај. Разговорите за парите со децата не се прават само еднаш; мора да се водат до крајот на вашиот живот. Зошто? Вашите деца никогаш нема да ве достигнат во смисла на искуството и контекстот. Секогаш ќе имате нешто ново да им понудите – ако тие сакаат да слушаат. Како што напишал Курландер, „Се до крајот на животот нема да престанеме да бидеме родители во секоја сфера. И ако добро ја изведеме работата, можеби нашите деца ќе ги слушаат нашите совети во своите глави, тоа ќе им помогне да си го најдат патот, дури и откако смртта нас родителите ќе не замолчи. Ако продолжиме во се друго да бидеме родители, зошто би мислеле дека треба да сопреме кога станува збор за парите?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top