Тајфунот Ман-ји со ветер од 160 километри на час, поројни дождови и поплави го зафати центарот на Јапонија и се движи кон Токио.
Околу половина милион луѓе во 20 провинции се евакуирани, а повеќе од 80.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Ман-ји е еден од најсилните тајфун оваа година во Јапонија. Досега нема информации за повредени или жртви.
Локалните власти се плашат од можноста дека тајфунот може да ја погоди и „Фукушима“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.