Рано утрово избил пожар избил во нуклеарна подморница што била на ремонт во бродоградилиштето „Звијезда“ во градот Баљшој Камењ кај Владивосток.
Во пожарот нема повредени, а огнот го гаселе 15 противпожарни екипи.

Според агенцијата РИА, пожарот во подморницата избил откако при заварување се запалила гумата со која била обложена цистерна со вода. Реакторот на нуклеарната подморница не бил загрозен, а пред почетокот на ремонтот било отстрането целото оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


