Некогаш мислевме дека е табу, но аналниот секс денес е на врвот на листата на популарност. Една од пет жени на возраст помеѓу 20 и 39 години имале анален секс во 2010 година, покажува новата студија објавена во списанието „The Journal of Sexual Medicine“.Според резултатите од студијата, 46 отсто жени имале анален секс барем еднаш, во споредба со само 33 отсто во 1992 година.Научниците велат дека мажите и жените отсекогаш уживале во убавините на аналниот секс и дека не се сигурни зошто дошло до ненадеен пораст. Меѓутоа, сметаат дека свое влијание има интернетот, бидејќи денес луѓето анонимно можат да пребаруваат, да нарачуваат секси играчки и да гледаат порно филмови во удобноста на своите домови. Исто така, аналниот секс денес луѓето го практикуваат кога ќе осетат желба, бидејќи едноставно тоа веќе не е некоја голема работа. Затоа, ако ви се допаѓа анален секс, слободно уживајте и понатаму и дополнително зачинете го својот однос.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


