| четврток, 6 декември 2018 |

Возрасните бетер од тинејџерите кога е во прашање сексот

SeksiVecerGlazbaИ мажите и жените забораваат да се соочат со возраста, а односите со нови партнери можат да им донесат  куп пријатни искуства и ризик да се заразат од болест пренесена по полов пат.

Според последните истражувања на британските експерти се повеќе луѓе на средна возраст бараат помош во кабинетите за кожно-венерични болести. За последните 11 години бројот на „возрасните” пациенти се зголемил двојно. Уште поголеми се податоците за дамите во зрели години. Поплаките од кламидија кај нив се зголемиле за скоро 95% за 9 години.

Според резултатите од истражувањето мажите и жените на возраст од околу 45 години почесто страдаат од генитален херпес, отколку тинејџерите.

-Кампањите, популаризацијата на контрацептивите се насочени првенствено кон младата публика. Постарите луѓе се целосно исклучени, бидејќи е прифатено да се мисли дека тие знаат за опасностите кои ги крие сексот -објаснуваат авторите на студијата.

Кризата во брачните односи исто така oстава свој белег: токму тогаш многу семејства се распаѓаат, уништени се долгогодишни односи со партнери кои со години гарантираат безбеден секс. По разводите многумина имаат нови врски и по навика едноставно забораваат дека треба да преземат мерки. Проблемите се продлабочуваат и од фактот што на претставниците на позрелите генерации многу често им е непријатно да побараат лекарска помош за такви проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top