| четврток, 6 декември 2018 |

Приведена хрватската пејачка Маја Шупут- пеела прегласно на свадба

majasuput-index

Полицијата во Загреб ја привела пејачката Маја Шупут заедно со целиот нејзин бенд затоа што го нарушила јавниот ред и мир додека пеела на свадба.

–       Ова никогаш не ми се случило во животот. Целиот бенд беше приведен со мене, напиша Маја под сликата од полицискиот записник која ја објави на инстаграм.

maja-instagram

Во пријавата пишува дека Маја и бендот Енџој „преку микрофон поврзан со појачало изпеала повеќе песни кои се слушале стотина метри надвор од салонот каде што се славела свадбата“. За овој прекршок ќе и биде изречена парична казна, а максималната казна е 30 дена затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top