| четврток, 6 декември 2018 |

Излета возило со четворица полициски службеници кај Тетово

brza pomos

 

Возило во кое се превезувале четворица полициски службеници излетало попладнето од автопатот Гостивар- Тетово пред наплатната рампа на влезот во Тетово.

Според првичните полициски информации, четворицата вработени во министерството се враќале од синдикалните игри кои викендов се одржуваа во Охрид.

Возилото опел астра излетало од патот од за сега непознати причини. Од МВР информираат дека полициските службеници не биле тешко повредени, но превентивно биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Со какви повреди минале ќе утврдат лекарите од Клиничкиот центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top