| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќна посета на Блаце на вицепремиерот Пешевски и министерот Сарачини

vladimir-pesevski

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Ваљон Сарачини ноќеска го посетија преминот Блаце за да видат дали важи одлуката на Косово за прекин на ембаргото за што добија информации од македонските царински и полициски служби.

Пешевски потврди дека по прекинот на косовската забрана престанува да важи и македонската мерка за надомест за влез во Република Македонија. Мерките што беа воведени од македонската страна, според Пешевски, по автоматизам се укинуваат по укинувањето од нивна страна на ембаргото.

saracini

– Со ова завршуваат немилите процеси кои што беа во изминатите неколку дена помеѓу овие две држави, кои што настанаа како резултат на ембаргото на увоз прво на одредена група македонски производи, а потоа и целосна забрана за македонски производи од страна на Република Косово. Ние воведовме мерки кои што по автоматизам се укинуваат во оној момент кога и косовската Влада ќе ги укине, изјави вицепремиерот Пешевски.

За нормализирањето на состојбата беа информирани и превозниците од „Макамтранс“, кои по косовското ембарго во понеделникот вечерта ги блокираа премините Јажинце и Блаце. Со тоа стартуваше и влезот на камионите со производи од Македонија на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top