Американскиот претседател Барак Обама е добитник со договорот постигнат со Русија околу сириската криза, но од тоа нема да извади никаква корист заради критиките кои го чекаат дома, оценува Ју Ес Еј Тудеј. Најтиражниот весник велил дека тој успеал во она што го посакувал- да избегне продолжение на кампањата за непопуларната воена акција во Сирија.
„Обама излегува како материјален победник, но низ призма која е ложа. Сирија нема да биде бомбардирана и Асад е среќен заради тоа, а исто така и Русите се победници затоа што го дадоа дипломатското решение за нешто што делуваше како нова војна во најава на Блискиот исток“, се пренесува Џим Волш, експерт за меѓународни односи од МИТ Масачусетс.
Весникот оценува дека со договорот од дневен ред за сега е тргната можноста за воена интервенција и главната цел на администрацијата на Обама е да се ослободи од хемиското оружје во Сирија.
„Меѓутоа, на Белата куќа сега ќе и е потешко да го прогласува Асад за одговорен за бруталниот напад на 21 август“ наведува весникот, потсетувајќи дека токму режимот ќе биде одговорен за безбедноста на странските набљудувачи.
Сенаторот Боб Коркер од Тенеси, водечки републиканец во сенатскиот комитет за надворешни односи, смета дека големо прашање е дали Сирија ќе биде волна да се придржува на договорот.
„Договорот е далеку од перфектен и бара од администрацијата да верува на Русите и на сиријците дека ќе се дрѓат до својот дел од договорот“, оценува сенаторот.
Сепак, Ју Ес Еј Тудеј заклучува дека и ваков договор за Обама претставува најдобар начин да се извади од во САД непопуларното залагање за воена интервенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


