Кошаркарската репрезентација на Хрватска на европското првенство во Словенија се пласираа во четвртфиналето по победата над Италија со (76-68). Ипресивната серија од 16-02 во третата четвртина беше пресудна за победата над „аѕурите“ која ја завршија со 17 поени разлика (26-09). Италија на крајот од мечот се доближи на само четири поени, но немаа сили за целосен пресврт.
Најефикасен на мечот беше Италијанскиот кошаркар Датоме кој постигна 24 поени, но не беше доволно да ја однесе својата репрезетанција до победата. Со овој пораз кој е втор во низа за Италија може да дојде во прашање пласманот во четвртфиналето и покрај петте победи во серија по првата фаза на европското првенство. Повторно потфрли НБА играчот Белинели со само девет постгинати поени.
Во хрватскиот состав најзабележителен беше Бојан Богдановиќ со 18 поени додека Симон постигна 14, Укиќ 13, а Дрејпер 12 коша.
Серијата од шест победи по ред на хрватите со право ги ставаат во најтесниот круг во борба за медалите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.