Железничкиот сообраќај останува во прекин, а машиновозачите ќе продолжат со штрајкот. Машиновозачите и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески не се договорија, при што железничкиот собраќај во земјава втор ден е во прекин. Машиновозачите се жалат на нередовната исплата на платите и ненавремено примање на зелени картони.
Во тек е состанокот на штрајкувачкиот одбор на кој машиновозачите ќе одлучат кои чекори ќе бидат преземени во наредниот период, јави „Радио Слободна Европа“ (РСЕ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


