| четврток, 6 декември 2018 |

Свобода: Словенија мора да го ратификува пристапниот договор за Хрватска

svobodaСпоред Ханес Свобода, ако Љубљана не го ратификува пристапниот договор со Европската унија тоа би претставувало катастрофа не само за Хрватска, туку негативно би влијаело и врз угледот на Словенија, оцени поранешниот известувач за Хрватска во Европскиот парламент.

Австрискиот социјалдемократ се надева дека прашањето за Љубљанска банка, кое е словенечкиот услов за ратификација на договорот, мошне брзо ќе биде решено, бидејќи станува збор за итен случај.  Тој во решавањето на проблемот ја очекува и помошта на словенечкиот претседател Борут Пахор. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top