| четврток, 6 декември 2018 |

Банкар од Берово крадел од Европската унија

pari

Банкар на Шаркасе банката од Берово фалсификувал податоци на земјоделски кредит и и си прицоил 5000 евра од фондот на ЕУ наменет за земјоделие.

ПС Берово поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(41) од Берово, соработник за кредитирање на физички лица во „Шпаркасе Банка-Македонија“ АД Скопје-Подружница Берово за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „измама на штета на средства на Европската заедница“. Во 2009 година, пријавениот од лице од Берово без негово знаење и согласност, ги искористил неговите лични податоци доставени за апликација на земјоделски кредит, како и податоци на уште три лица како негови жиранти и подигнал кредит во износ од 300.000 денари, средства обезбедени од Меѓународниот фонд наменети за земјоделство. За оваа цел изготвил договор за користење на кредитот, фалсификувајќи го потписот на  лицата, а меницата и меничната изјава откако го подигнал кредитот ги уништил

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top