Само неколку дена откако го најави новиот видеоспот, најозборуваната македонска фолкерка изјави дека вре е за пауза.
– Снимив три спота и тоа за песните „Македонка“, „Умирам по тебе“ и „Сузе Сузана“. Ова ќе биде последното нешто од мене, барем сега-засега. Планирам да се повлечам од музиката, затоа што сакам да се посветам на мајчинствотоо – изјави Гавазова за „Вечер“, додавајќи дека ова не значи целосно повлекување, туку напротив, само привремено, барем додека не се породи.
Таа се подготвува и за нејзината свадба со избраникот Јасмин. На прославата ќе носи бела долга венчаница која од половината надолу ќе се шири за да и го сокрие трудничкото стомаче кое за некој месец и тоа како ќе се познава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.