| четврток, 6 декември 2018 |

Генерал Мими: Жалам, болеста е виновна!

general mimiМирјана Џамбазова, која се претставувала како генерал Мими, ги признала измамите на неколкумина скопјани, кои поверувале во нејзината приказна дека таа може да им помогне во добивањето на работа со мисијата на НАТO во Македонија.

Во исказот пред Кривичниот суд во Скопје рече дека  жали и е свесна за сторените измами, но како што објасни, тоа го направила поради „нарушената психичка состојба“, за што се лечела и на Клиниката за психијатрија.

Мирјана Џамбазова е  обвинета за измама на седум лица од Скопје, на кои за 100 евра им ветувала дека може да им посредува за вработување и изградба на центарот на НАТО во скопски Петровец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top