| четврток, 6 декември 2018 |

Индија им пресуди – бесилка за силувачите

India Execution GlanceИндискиот суд изрече смртна казна за четворицата силувачи на 23-годишната студентка во автобус во Њу Делхи, која потоа почина во болница поради тешките повреди. Судијата ги осуди за групно силување и за ладнокрвно убиство и ги одби барањата за ублажување на казната. Четворицата ќе бидат обесени.

Во силувањето учествувале шестмина од кои едниот се самоуби во затвор, додека другиот е малолетен и е осуден на три години во поправен дом – што е максимална казна за малолетници.

Случајот предизвика огромни незадоволства во земјата и повеќемесечни протести заради се почестите силувања во државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top