| четврток, 6 декември 2018 |

Бујрум во кафана „Долче и кафана“

Иако кафаната во Белград си постои веќе една година, преку адвокатска канцеларија во Белград на Марко Филиповиќ му стигнала тужба од луксузните дизајнери „Долче и Габана“ поради името на кафаната.

– Преку адвокатската канцеларија во Белград ни стигна тужба од Стопанскиот суд. Се изненадив кога видов дека не тужат „Долче и Габана“, а судот ја процени вредноста на спорот на 500 илјади динари – изјавил Филиповиќ.

– Тука сум и келнер и шанкер и сопственик и чистач. Сè работам сам, а воедно сум и студент по економија. Секое одење на суд ми е огромен трошок – објаснил тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top