| четврток, 6 декември 2018 |

Кусари: Косово е добро, а Македонија е разгалено дете

mimoza_kusari_499811

Блокадата е наша лекција за Македонија за во иднина. Тие се научени Косово да биде добро дете кога станува збор за договори, а тие и другите држави разгалени деца – изјави косовската вицепремиерка и министер за трговија Мимоза Кусари по преговорите во Приштина со македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини.

– На македонската влада треба да ѝ биде јасно дека Косово во иднина нема да дозволи таков третман, а одлуката на македонските власти за блокирање на границата беше ароганција и покажување супериорност кон Косово – рече Кусари-Лила.

Министерот Сарачини во изјавата што ја пренесува „Алмакос“ вели дека се при крај со договорот за деблокада на границата и додал дека се плаши оти ако тоа не се случи, можни се немири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top