Градежен работник од Штип го загубил животот при пад од скеле додека работел на објект во Скопје.
Несреќата се случила вчера околу 14.10 часот на улицата Скупи во Скопје кога Тодорче Наков (56) од Штип работел на објектот „Вариус“ кој е во изградба кога во еден момент паднал од скелето. Тој бил пренесен во болницата „Систина“ каде им подлегнал на здобиените повреди, информираа од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.