Познатата актерка е во врска со сопственик на синџир ресторани Питер Мортон, кој, освен тоа, е и татко на нејзиното поранешно момче Хари Мортон.
Холивудската актерка Деми Мур по разводот од Ештон Качер имала неколку кратки врски. На јавноста, секако, најинтересна ѝ беше таа со 31-годишниот Хари Мортон затоа што тој неколку месеци порано беше во врска со нејзината ќерка Румер.
Но, по раскинувањето на врската меѓу Хари и Деми, другиот Мортон го освои срцето на 50-годишната актерка. Како што пишуваат американските медиуми, Деми сега е во врска со таткото на Хари, 66-годишниот Питер Мортон, могул кој има низа ресторани во САД.
– Лудо се вљубени – открива близок извор за „E! Онлајн“ и додава дека Питер е многу харизматичен и на Деми ѝ се допаѓа сè во врска со него додека таа самата е многу приземјена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.