За прв пат по долго време, а и за прв пат како оженет човек, поп пејачот Ламбе Алабакоски ќе настапи на местото каде ги помина средношколските денови. Ден пред почетокот на интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“, во истиот комплекс Центарот за култура, поточно во кафулето „Интермецо“ во Битола, Ламбе ќе пее во живо за битолчани.
Пејачот неодамна се ожени со неговата долгогодишна девојка, Магдалена, со која веднаш по свадбата заминаа на меден месец во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


