| четврток, 6 декември 2018 |

На Кили итно му е потребен доктор

Ад­во­ка­тот на притворениот актер Кирил Поп Христов – Кили, до Ос­нов­ни­от суд Скопје 1 поднесе барање за замена на решението за притвор со мерка домашен притвор. Како аргумент, адвокатот Владимир Данаилов до истражниот судија приложил медицинска документација, со која се до­ка­жу­ва дека глумецот Поп Христов е со сериозно нарушена здравствена сос­тој­ба и оти му е потребно итно лекување, пренесува Вест.

– Го посетив Кили во затвор и се уверив дека неговата здравствена сос­тој­ба е исклучително влошена. Врз основа на лекарските наоди, актерот има ту­мор­ска лезија со суспект на канцерна алтернација на грбот. Волуменот на израстокот на грбот е зголемен, односно туморот прогресирал. До­пол­ни­тел­но е што има хепатит Ц и оток на црниот дроб, што уште повеќе ја вло­шу­ва неговата здравствената состојба. А има и скршеница на едната ра­ка, и потребно е да се извади гипсот. Сето ова е повеќе од доволен ар­гу­мент дека на Поп Христов му е потребна итна болничка нега – вели Да­на­и­лов.

Спо­ред него, во предметите за дрога истрагата релативно брзо завршува, и тој се надева дека евентуалниот обвинителен акт актерот ќе го дочека до­ма, во домашен притвор.

– Во барањето што го поднесовме стои дека на обвинетите мора брзо да му се овозможи итно медицинско следење и лекување и оти треба итно да се ре­а­ги­ра за замената на решението притвор со домашен притвор. За тоа пос­то­јат и околности кои се предвидени во Законот. Барањето е дадено со ознака итно, и очекувам што е можно поскоро да имаме одговор. Не е ова правење театар туку работата е многу сериозна – вели Данаилов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top