Исланд и формално ги прекина преговорите за членство во Европската унија, на што Унијата одговори со прекин на исплата на помош од предпристапни фоднови, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Исланд, Браги Свеинсон.
– Го распуштивме тимот и преговарачките групи и веќе нема да биде одржан ниту еден самит. ЕУ одлучи да не исплаќа за ИПА програми за претпристапна помош – наведе Свеинсон во парламентот.
Исланд од тие фондови добиваше годишно помалку од шест милиони евра. Во споредба, Србија оваа година има на располагање 208,3 милиони евра од ИПА фондовите. Одлуката за повлекување на кандидатурата за членство во ЕУ беше најавена претходно оваа година, со доаѓањето на власт на умерените десни евроскептици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


